• сабота, 06 јули 2024

Во Демир Хисар премиера на драмската претстава „Одам на лов“ од Жорж Фејдо во режија на Благој Николов

Во Демир Хисар премиера на драмската претстава „Одам на лов“ од Жорж Фејдо во режија на Благој Николов

Демир Хисар, 8 април 2023 (МИА) - Актери од Драмско студио при Дом на култура „Илинден"-Демир Хисар, вечер премиерно ќе ја изведат претставата „Одам на лов“ од Жорж Фејдо.

Станува збор за комедија во три чина, чиј режисер е Благој Николов, проект поддржан од Министерството за култура и Општина Демир Хисар.

Во Домот на културата „Илинден“ пред љубителите на театарската уметност ќе настапат Бранко Србиновски, Диме Бошевски, Александра Василевска, Мери Пупучевска, Мартин Давидовски, Борче Стојановски, Драге Велевски и Маја Наловска.

Почетокот на драмската претстава „Одам на лов“ е закажан за 19:30 часот. мт/аа/

Фото: Општина Демир Хисар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан