• понеделник, 23 декември 2024

Во Делчево се одржа едукативен настан за финансиска писменост

Во Делчево се одржа едукативен настан за финансиска писменост

Делчево, 16 октомври 2023 (МИА) - Граѓаните во Делчево се едуцираа за финансиска писменост и можностите кои ги даваат пазарите на капитал. Главната тема на настанот кој го организираше „Капитал Финансиски Центар“ беше мудрото управување со лични финансии и можностите кои ги нудат инвестициските фондови.

-Во Делчево одржавме презентација во делот на актуелизирање на финансиската писменост и можностите кои ги даваат пазарите на капитал, со цел да се направи некоја додадена вредност за слободни парични средства. Исто така, една од темите беше излагање во врска со можностите кои ги даваат берзите и инвестициските фондови од КБ Публикум, истакна Коста Костадиновски, директор на „Капитал Финансиски Центар“.

Тој потенцира дека самиот центар се занимава со управување на портфолија за инвестирање и инвестициско советување за клиентите со овластување на комисијата за хартии од вредност. 

-Вложувањето во акции и инвестициски фондови се одличен инструмент за заштита од инфлацијата и тоа треба да го знаат луѓето. Токму затоа сме тука во тој контекст да пренесеме одредени информации кои очекуваме да побудат интерес кај луѓето да условно размислуваат малку поотворено во тоа во која насока би можеле да се пласираат парите. Целта секако е да остварат поголем принос, да ја победат инфлацијата и да додадат поголема вредност на своите финансии над инфлацијата, рече Костадиновски.

Едукативниот настан во Делчево се одржа во рамки на активности на „Капитал Финансиски Центар“ предвидени за октомври. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан