• недела, 05 мај 2024

Во Делчево претставена кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“

Во Делчево претставена кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“

Делчево, 25 април 2024 (МИА) - Во Делчево реализирана превентивна активност од областа на сообраќајот, во чии рамки возачите се запознаа со важноста за одговорно и прописно паркирање. Активноста се спроведе во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

-Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, МВР и ОСБСП - Делчево во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно'' имаа едукативно - превентивна активност во Делчево. Акцентот беше ставен на зголемување на сообраќајната култура и подигнување на јавната свест за прописно паркирање, истакнаа од ОБСП Делчево.

Активноста се спроведе низ улиците во централното градско подрачје во Делчево. 

-Со цел подобра информираност на возачите им беа поделени флаери со едукативна содржина, а истите беа оставани на  непрописно паркираните возила, додадоа организаторите на активноста. 

Вакви активности како дел од оваа кампања, како што додадоа, ќе бидат реализирани и во наредниот период. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан