• петок, 22 ноември 2024

Во градинките во Куманово има вода за пиење, установата набави вода од приватна компанија

Во градинките во Куманово има вода за пиење, установата набави вода од приватна компанија

Куманово, 22 мај 2024 (МИА) - Во градинката „Ангел Шајче“ има вода за пиење. Надлежната установа набавила вода за сите осум објекти, информираа надлежните од ЈОУДГ „Ангел Шајче“ Куманово. Оттаму додаваат дека вода за пиење е набавена од приватна фирма. 

- Веднаш по добивањето на информацијата за водата во Куманово, набавивме вода за пиење од приватна компанија, 150 балони од по шест литри за сите објекти. Згрижувањето на децата останува редовно, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.

Таа информираше дека во објектите има вода, која се користи како техничка во санитарните јазли на објектите.

- И во моментов имаме вода главниот објект, додава Алексовска.ам/бт/

Фото: МИА 

Остани поврзан