• вторник, 07 мај 2024

Во Гевгелија приведен дилер на хероин

Во Гевгелија приведен дилер на хероин

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, денеска околу 13:30 часот во Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија.

Како што информира МВР, по претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило „бмв“, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан