• вторник, 05 ноември 2024

Кривични пријави против директорка на детска градинка во Скопје и поранешен градоначалник на скопска општина

Кривични пријави против директорка на детска градинка во Скопје и поранешен градоначалник на скопска општина

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) – Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување против директорка на детска градинка во скопска општина, како и против поранешен градоначалник на скопска општина.

Од МВР информираат дека директорката на детската градинка на 12.05.2021, по објавен оглас за јавна набавка на стоки со пречекорување на своите службени овластувања, знаејќи дека максималниот износ на набавката требало да биде во вредност од 1.300.000,00 денари без ДДВ. Средствата требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на договорниот орган. Директорката на градинката како најповолен понудувач избрала правно лице од Скопје, иако понудило цена во износ од 1.329.800,00 денари без ДДВ, за што донела и Одлука за обезбедување на дополнителни средства и изменување на одлуката за јавната набавка и склучила Договор за јавна набавка на вкупен износ од 1.569.164,00 денари со вклучен ДДВ, иако од истото правно лице не била доставена банкарска гаранција со самото склучување на договорот во износ од 156.916,00 денари. Правното лице исто така не го испочитувало рокот за достава и набавените машини и наместо за 15 дена ги доставило со задоцнување од околу 150 дена од склучувањето на договорот, по што првопријавената М.Р. со неизвршување на своите службени овластувања, наместо да го раскине склучениот договор со избраниот понудувач, да активира негативна референца во е-системот на Бирото за јавни набавки и да поведе постапка за наплата на договорената казна во износ од 81.596,00 денари, таа не го направила тоа.

Како што стои во соопштението, второпријавениот како градоначалник на една скопска општина со пречекорување на своите службени овластувања, иако знаел дека средствата за плаќање на машините требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на градинката, извршил промена со проширување на буџетот на општината во делот дотации во износ од 1.534.000,00 денари и истите на 29.11.2021 ги префрлил на сметката на градинката. Парите од страна на првопријавената М.Р. истиот ден биле платени кон избраниот понудувач, додека на 22.12.2021 година извршила плаќање на средства во износ од 35.164,00 денари од сопствената сметка на градинката. На овој начин првопријавената и второпријавениот го оштетиле буџетот на општината за износ од 1.534.000,00 денари, додека првопријавената го оштетила буџетот на градинката во износ од 273.676,00 денари како ненаплатена банкарска гаранција и договорена казна и исплатените парични средства од сопствената сметка.  Тие на овој начин му овозможиле на правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.807.676,00 денари. ра/ев/ 

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан