• понеделник, 04 ноември 2024

Во велешкиот Општински ученички дом „Лазар Лазаревски“ слободни 50 места

Во велешкиот Општински ученички дом „Лазар Лазаревски“ слободни 50 места

Велес,18 септември 2023 (МИА) - Во Општинскиот ученички дом „Лазар Лазаревски“ во Велес иако учебната година  започна пред 20- тина дена се уште има слободни места. Во ученичкиот дом веќе се сместени 126 ученици  кои учат во велешките средни училишта, а се од градовите од Повардарието: Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, од Росоман ,селата  Горно и Долно Јаболчиште, Богомила и други места, информира за МИА Марјанчо Јоданов директор на домот.

Јорданов информира дека во домот има слободни уште 50 места за ученици од други градови и села кои се школуваат во четирите средни училишта во Велес. Како што потенцира, сместувањето во домот со храна и сите потребни услуги е бесплатно за учениците, а го финансира Министерството за образование и наука.

Тој воедно потсетува дека освен три оброка учениците во секое време во домот  имаат и топла вода за туширање, парно греење во зима, интернет, а имаат на располагање и библиотека и просторија за учење- занимална, медиотека за гледање  филмови како и теретана и фудбалско игралиште

-Намалувањето на бројот на ученици во домот последниве години  е поради тоа што некои од атрактивните струки се отворени и во средните училишта од градовите на Повардарието, а кои порани ги немаа па затоа се школуваа  во Велес. Воедно и поради тоа што секоја учебна година се намалување бројот на ученици,потенцира Јорданов.

Во овој средношколски дом во мај успешно беа организирани државните спортски натревари „Домијада“ меѓу  домовите за средношколци и студенти од градовите во земјава.

 Јорданов потенцира дека  поради покачените трошоци за живот тие  мака мачат да ги покријат сите парични трошоци и да овозможат добри услови за сите средношколци сместени во домот.

-Ние веќе неколку година  бараме од Министерството за образование и наука  да го зголеми паричниот износ на партиципација по ученик во домот. Истата не е сменета уште од 2010 година и изнесува  7500 денари по ученик. По рапидното зголемување на трошоците, ние бараме најитно  зголемување на партиципацијата по ученик, а што е во согласност со порастот на трошоците за живот, потенцира Јорданов.

Тој појасни дека оваа барање е на ниво на сите ученички домови во земјава.ад/лв/

Остани поврзан