• вторник, 12 ноември 2024

Во Велес се одржаа 45. МАКИНОВА и 22. ЕКОНОВА

Во Велес се одржаа 45. МАКИНОВА и 22. ЕКОНОВА

Велес, 10 ноември 2024 (МИА) - Во изминатите два дена во салата на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес се одржа меѓународната изложба 45. МАКИНОВА за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн трговски марки, нови технологии и производи и младинско творештво и 22. ЕКОНОВА за еколошки пронајдоци и истражувачки проекти на кој учествуваа вкупно 96 учесници од кои 79  ученици од основните и средни училишта од земјава како и 17 учесници од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија,Словенија и Бугарија.

Организатор беше Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ и Народна техника на Македонија а покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Учесниците, менторите со организторите и домаќините вчера ги посети и премиерот Христијан Мицкоски со претставниците од Владата,потпретседателот на Влада и министер за тренспорт и врски Александар Николоски и министерката за образование,Весна Јаневска и градоначалникот Марко Колев,кои ја разгледаат и дадоа подршка на сите учесници.Освен МОН меѓународната изложба доби поддршка и од Министеството за животна средина и просторно планирање,Државниот завод за индустриска сопственост, Берин и други поддржувачи и домаќините ДСУ РЦСОО „Коле  Неделковски“.

Директорот на народна техника Пере Митрев во информацијата за МИА потенцира дека е многу среќен што во последните години има се’ повеќе млади истражувачи од Велес и земјава кои се заинтересирани да се претстават на изложбата која ја оценува стручна комисија од еминентни професори и стручњаци од овие области.

Тој потенцира дека овие манифестации се одржуваат во оваа велешко средно училиште каде директорката Весна Стојанова Богоевска  и во изминатите години се покажала како добар домаќин воедно и  во чест на починатиот Зоран Тодоров велешанец кој целиот работен век го посвети  на напердокот на Народна технка на Македонија и со  поддршка на младите.

-Посебно ме  радува што овој голем настан го подржа и претседателката Гордана Сиљановска Давкова како негов покровител.нејзината поддршка е дополнителен стимул и поддршка за младите иноватори од земјава.Се надевам дека овие млади креативни истражувачи и иноватори ќе бидат иднината на земјава и ќе останат во неа и дома ќе ги креираат и реализираат нивните истражувачки и иновативни проекти коишто ќе претстават идејни решенија за олеснување на животот на сите граѓани во земјава.Овде е прерасно чуство дека се присутни од најмладите па се’ до возрасните и искусните кои исто така учествуваат и даваат поддршка и искуства на своите млади колеги,потенцира Митрев

Во своето видео обраќање до присутните покровителот на оваа меѓународна изложба претседателката Гордана Сиљаовска Давкова потенцира дека овој настан со години е прибежиште на младите и бунтивни умови-визионерите и иноваторите весниците на промените.

-Соочена со вашите пронајдоци,концептти и решенија уверена сум дека Македонија има иднина доколку се бори за вас и доколку не ве подари на некоја држава заборавајќи дека губи бесценет човечки потенцијал. Чест е да се биде покровителка на ваков настан на кој врие од таленти.Почитувани пронаоѓачи вие сте тука за да покажете дека умот е безграничен и побрз од светлината.Вашата љубопитност и вашата храброст да експериментирате и да трчате напред го гонат општеството кон нови достугнувања и вие сте иднината на оваа земја, им порача претседателката Сиљановска Давкова на младите.

Меѓународната изложба 45 МАКИНОВА и 22 ЕКОНОВА  заврши со врачување на награди и признанија, признанија и медали на најуспешните во сите категории  според  стручната жири комисијата која цел ден  детално ги оценуваше сите изложени пронајдоци а кои ги демонстрираа и појаснуваат учесниците –креаторите на моделите од кои некои веќе имаат и практична примена.

Благодарници добија и сите подржувачи на оваа традиционална манифестација.

Младите научници учесници на оваа научна изложба  во изјавата за МИА, истакнаа и  побараа поголема подршка од државата и спонзори за практична реализација на нивните пронајдоци и нивно патентирање.Тие потенцираат дека нивните пронајдоци се во тек со најсовремените достигнувања во светот во  многу области ,а со нивна практична реализација ќе им се олесни животот на сите  граѓаните и во многу од нивните пронајдоци воедно и ќе се заштеди и енергија и ќе и се помогне на државата да оди напред и да се развива. ад/мч/

Остани поврзан