• петок, 22 ноември 2024

Во Битола формирана регионална платформа за млади

Во Битола формирана регионална платформа за млади

Битола, 2 април 2024 (МИА) - На иницијатива на организацијата „Про Локал“ во Битола денеска е формирана регионална платформа за млади во која ќе членуваат девет општини и девет организации од пелагонискиот регион.

Платформата е формирана во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“, финансиски поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија.

-Нема поголема вистина од онаа која вели -Светот останува на младите! Во текот на проектот се радуваваме на секој нивни предлог, бевме присутни на секоја работилница и искрено се вложивме да им ја олесниме комуникацијата со нашите локални самоуправи разбирајќи дека за младите тоа некогаш е предизвик, тоа е бирократија и енергија. Се надевам, а и ветувам дека силно ќе се посветиме да не ја заробиме нивната креативност и енергија во нашите обрасци, формулари и прописи. Токму таа е и смислата на регионалната платформа, истакна градоначалникот Тони Коњановски на свечената промоција на регионалната платформа за млади во Битола.

Проектот се имплементираше повеќе од две години, а во него се вклучени над 100 млади од пелагонискиот регион. мт/цр

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан