Во Битола се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
- Светскиот ден на лицата со Даунов синдром годинава во Битола се одбележува со повеќе манифестации кои почнаа синоќа со ревијален спортски натпревар што се одржа во кугларскиот клуб „Пелистер“.
Битола, 21 март 2023 (МИА) - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром годинава во Битола се одбележува со повеќе манифестации кои почнаа синоќа со ревијален спортски натпревар што се одржа во кугларскиот клуб „Пелистер“.
Лица со Даунов синдром спортуваа со куглари и се дружеа со ученици и наставници од ОУ „Коле Канински“, студенти од Славјански Универзитет-Свети Николе/Битола, како и членови на здружението „Порака Нова“ од Струга.
Учесниците на ревијалниот натпревар ги поздравија градоначалникот Тони Коњановски и неговиот заменик Бојан Бојковски.
Одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром продолжува денес со ревијална трка со велосипеди која ја организираат наставниците по физичко образование од ОУ „Коле Канински“ , а ќе заврши со свечена приредба насловена „Со нас, не за нас“. мт/сст/
Фото: Кугларски клуб „Пелистер“-Битола