• петок, 22 ноември 2024

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Битола, 8 април 2021 (МИА) - Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април  годинава во Битола се одбележа со посебни ковид-мерки кои се практикуваат заради актуелната пандемија.

Согласно програмата, градоначалничката Наташа Петровска со поддршка на платформата Зум одржа средба и оствари контакт со претставници на невладините ромски организации во градот со кои потсетија на актуелните заеднички проекти.

Во текот на денот Петровска го посети Здружението за развој на ромската заедница  „Сумнал и додели пакети за ранливите категории граѓани, а од  директорката Фатма Бајрам Аземовска беше информирана за почетокот на кампањата „Здравје за Ромите“.

-НВО „Сумнал“ и Општина Битола во наредните три години ќе имплементираат  Стратешкото партнерство за иновации „Грижа за здравјето на Ромите 2“, чија цел е промоција на здравствената писменост меѓу Ромите преку тренирани здравствени медијатори, вклучувајќи и воспоставување на Центри за здравствено образование на заедницата, истакна Аземовска.

На денот на празникот, претседателот на невладината  организација „Аваја“, Ремзи Медик, на градоначалничката и подари Ромско знаме. мт/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан