• понеделник, 23 декември 2024

Во Берово се обновува уличното осветлување

Во Берово се обновува уличното осветлување

Берово, 24 декември 2023 (МИА) - Во Берово интензивно се работи на обнова на уличното осветлување и поставување на нови канделабри за унапредување на системот за улично осветлување и подобрување на енергетската ефикасност. 

Како што инфомираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, неодамна се осветлени две  нови делници  на улиците „Индустриска” и „Даме Груев”.

-Со тоа е подобрена видливоста во вечерните часови и безбедноста на возачите и пешаците. Благодарност до општествено одговорна компанија „Стокомак“ за поддршката во обезбедувањето  челични столбови на ул. „Индустриска”, рече Пекевски 

За изградба на улично осветлување на улица „Индустриска”, како што додаде, од општинскиот буџет ќе бидат потрошени 435.100 денари 

Обновата на уличното осветлување продолжува на улица „Даме Груев”, за што од буџетот на Општина Берово ќе бидат потрошени 371.884 денари. вс/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан