• понеделник, 23 декември 2024

Во Берово започнува процесот на креирање на Буџетот за 2024 година

Во Берово започнува процесот на креирање на Буџетот за 2024 година

Берово, 31 октомври 2023 (МИА) - Општина Берово го започнува процесот на креирање на Буџетот за 2024 година. За таа цел, како што информираа од Општината, и годинава ќе се организира Буџетски форум на кој граѓаните ќе можат да предлагаат проекти и приoритети за наредната календарска година.

-И оваа година Општина Берово ќе реализира проектен форум, во чии рамки преку форумски сесии присутните ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2023, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2024 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој, информираа од Општината.

Како дел од овој процес веќе е закажана и првата форумска сесија за што од Општината упатија отворена покана до граѓаните за нивно активно учество.

-Првата форумска сесија ќе се одржи на 02 ноември 2023 година (четврток). Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците  на  институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Берово, за 2024 година, додадоа од Општината.

Првата форумска сесија закажана за в четврток ќе се одржи со почеток во 12:00 часот во просториите на Големата Сала на општина Берово. вс/сх/

Фото: МИА

Остани поврзан