• сабота, 18 мај 2024

Во Берово акција за чистење на локалниот пат Берово-Струмица

Во Берово акција за чистење на локалниот пат Берово-Струмица
Берово, 26 септември 2021 (МИА) - Во Берово денеска се реализира акција за чистење на локалниот пат Берово-Струмица. Целта на акцијата, истакна беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, кој учествуваше во акцијата, е со личен пример да се даде придонес кон чистењето на животната средина. - Овие активности се дел од нашата долгорочна стратегија за чиста околина. Во минатите четири години со посебна гордост можам да истакнам дека е кренато нивото на чистотата на градот на сосема друго ниво со редовно на подигање и справување со комуналниот отпад, рече Пекевски. Поради ова, како што додаде, уште еднаш се потврдува заложбата за зелено и уредено Берово, како еко град по сите стандарди на чиста животна средина. - Затоа ќе продолжиме да правиме редовни акции со јавните претпријатија и во делот на чистење на каналите и за чистење на околината во Берово, се со цел да имаме зелен и чист град, кој ќе биде гордост на Беровчани и убава глетка за туристите, додаде Пекевски. Претходно слична акција се реализираше и кај месноста Којова ливада во Берово. вс/цр

Остани поврзан