• сабота, 21 декември 2024

Во Белград министрите за спорт Борко Ристовски и Зоран Гајиќ потпишаа Меморандум за соработка

Во Белград министрите за спорт Борко Ристовски и Зоран Гајиќ потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Министерството за спорт на Република Македонија и Министерството за спорт на Република Србија денеска во Белград потпишале меморандум за соработка кој ќе придонесе за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји преку спортот.

На свеченото потпишување, како што соопшти Министерството за спорт, министрите Борко Ристовски и Зоран Гајиќ, ја истакнале важноста на овој документ како платформа за размена на искуства, знаења и заеднички активности кои ќе овозможат нови можности за спортистите, спортските организации и заедници во двете земји. цр/

Фото: Министерство за спорт

 

Остани поврзан