• петок, 22 ноември 2024

Воспоставена соработка меѓу училиште од Чаир и од Велико Трново

Воспоставена соработка меѓу училиште од Чаир и од Велико Трново
Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Илхан Ќучук го посетија ОУ „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир. Целта на оваа посета е продлабочувањето на соработката меѓу двете училишта „Исмаил Ќемали“ во Чаир и „Емилијан Станев“ во Велико Трново. Вицепремиерот Груби истакна дека ова училиште воспоставува соработка со друго училиште во Република Бугарија во знак на солидарност по трагичната автобуска несреќа што се случи на 23 ноември 2021 година каде го загубија животот 45 лица. - Сега оваа соработка станува реалност. Ќучук заедно со Ганиу се тука да ја официјализираме оваа соработка меѓу двете училишта со официјална поддршка на Европскиот парламент и многу сум задоволен што денеска ја одбележуваме оваа меѓуинституционална соработка меѓу нашите две училишта, рече Груби. Европратеникот Ќучук потенцира дека заедно прават проекти во сферата на образованието и културата. - Се сретнавме овде пред неколку недели на многу болен ден, но денеска повторно се среќаваме во порелаксирана атмосфера. Целта е преку училиштата да направиме многу конкретен проект, тој во Велико Трново и Чаир. Проектот ќе се заснова на тоа учениците да видат како се одвива учењето во Бугарија и Северна Македонија врз основа на европската перспектива. Значи, јас сум тука со градоначалникот и пратеници и идејата е да направиме што повеќе активности во областа на образованието и културата со решавање на најтешките проблеми, бидејќи сум голем оптимист дека двата народа треба подобро да се познаваат, рече европратеникот. Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир рече дека посакува ова да биде голем чекор и во иднина да воспоставуваат поплодни соработки со општините во Бугарија. Антоанета Палангурска, директор на СУ „Емилијан Станев” истакна дека нивното училиште во соработка со училиштето во Чаир работеше на конкурс кој што се реализира во три групи, децата изработуваа есеи и имаа за цел да проучат документи со општа историја на Бугарите и Македонците.

- На овој конкурс учествуваа вкупно 205 ученици од 65 училишта. Оваа бројка е доказ за големиот интерес за соработка на сите нивоа, ученици со ученици, учители со учители, така што ние сме исклучително задоволни од резултатите од конкурсот и имаме идеја да продолжиме со ваквиот вид на активности. Сметам дека и учителите и учниците се апсолутно подготвени и готови да бидат дел од големото европејско семејство, рече Палангурска.

Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали“ Бурбуќе Имери смета дека ова ќе биде добро искуство на размена на размислувања и различни проекти меѓу двете учулишта.фф/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан