• петок, 22 ноември 2024

Вооружена група нападна дипломатски објект на САД во Ирак

Вооружена група нападна дипломатски објект на САД во Ирак

Багдад, 11 септември 2024 (МИА) - Американски дипломатски објект во Багдад бил нападнат доцна синоќа, но нема податоци за жртви, а моментално се проценуваат штетите, соопшти портпарол на американската амбасада.

Безбедносни извори соопштија дека две ракети паднале околу полноќ во близина на американските сили, стационирани во базата „Кемп Викторија“ до аеродромот во Багдад.

„Околу 23:00 часот, на 10 септември, имаше напад на комплексот на дипломатските служби во Багдад, кој е дипломатски објект на САД“, стои во соопштението на американската амбасада. „За среќа, нема пријавени жртви, а штетите се проценуваат.“

Катаиб Хезболах, една од вооружените фракции поддржани од Иран во Ирак, соопшти дека нападот бил намерно координиран со посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкиан во Ирак.

Во соопштението групата побара од ирачките безбедносни сили да го истражат инцидентот и да го идентификуваат одговорниот. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан