• петок, 22 ноември 2024

Вонредни изданија на германските весници поради кибернапад

Вонредни изданија на германските весници поради кибернапад

Берлин, 19 јуни 2023 (МИА) – Германската регионална медиумска групација „Рајнише пост“ денеска отпечати вонредни изданија на своите весници по кибер нападот врз нејзиниот внатрешен давател на ИТ услуги, што се случи на 16 јуни, јави ДПА.

Печатените и дигиталните изданија на регионалните весници во Западна Германија не можат да се нудат во нивната вообичаена форма, објави „Рајнише пост“, додавајќи оти поради нападот биле исклучени неколку технички системи и интернетот.

Според медиумската групација, очигледно не биле украдени никакви податоци, вклучувајќи ги и податоците за клиентите.

Новинските портали на погодените весници денеска беа достапни само во ограничена мера.

Реагиравме навреме, деноноќно работиме на решавање на проблемите и напредуваме, се наведува во соопштението на „Рајнише пост“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан