• петок, 22 ноември 2024

Волф: Само детали не делат од нов договор со Хамилтон

Волф: Само детали не делат од нов договор со Хамилтон

Лондон, 4 јули 2023 (МИА) - Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, откри дека тимот не планира да објави потпишување на нов договор со Луис Хамилтон за време на Големата награда на Британија.

 

Според Волф, страните се блиску до договор, но засега продолжуваат да разговараат за некои детали од договорот кои не се поврзани со пари или времетраење на договорот.

 

- Сè уште сум доста уверен во успешното потпишување на договорот. Сакаме да направиме се на највисоко ниво, за да биде се супер, да се разработи секој детаљ. И понекогаш се јавува ситуација кога веќе имате сè под контрола, но договорот не е склучен. Ова нема врска со дискусијата за пари. Се работи за иднината - што сакаме да направиме за да се увериме дека сè е во ред, така што сè е оптимизирано? Не разговараме повеќе за пари, времетраење на договорот и такви работи, не, ние разговараме за други работи. Колку долго ќе трае новиот договор? Па, тоа ќе биде за некое време. Британците под пар години подразбираат две, а Американците под „пар“ неколку. Времетраењето ќе биде приближно исто, рече Волф.

 

Хамилтон вози за Формула 1 тимот на Мерцедес од 2013 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан