• петок, 22 ноември 2024

Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек

Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) - Водостоите на поголемиот дел од реките во земјава се повисоки од просекот за декември. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат порадоците од мерењата што ги врши УХМР.

Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места. Повисок востостој се бележи кај реките Треска, Пчиња, Струмица, Црна Река и Радика. Доста понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реката Црн Дрим.

Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 9 степени целзиусови, на Дојранското 7,5 и на Преспанското 5,5 степени. Температурите на сите три езера се под просекот за овој период од годината. сст/са/

Остани поврзан