• среда, 27 ноември 2024

Водата за пиење во селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово е безбедна за употреба

Водата за пиење во селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово е безбедна за употреба

Струмица, 13 февруари 2024 (МИА) - Жителите на селата Еднокуќево и Робово во Општина Босилово, кои повеќе од два месеци немаа чиста вода за пиење, добија известување дека водата е здравствено исправна и безбедна за употреба.

Во известувањето од Општината и ЈПКД „Огражден“ стои дека според последните анализи за квалитетот на водата од 9. овој месец, извршени од акредитирана лабараторија, водата е безбедна за употреба.

Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, со последното известување за квалитетот на водата засега се решава проблемот во овие две населени места.

Инаку, во селата Еднокуќево и Робово живеат околу илјади жители.рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан