• сабота, 21 декември 2024

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

- Секторот за санитарна контрола во периодот 25 до 29 ноември 2024 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18),  информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Овие информации Јавното претпријатие ги објавува во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан