Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
- Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Скопје, 14 април 2025 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 7 април 2025 до 11 април 2025 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во соопштението. мд/са/
Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје