Водата во Скопје безбедна за пиење
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 23 јануари 2026 година зеде 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во градот Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Скопје, 26 јануари 2026 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 150 примероци од 42 мерни места.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 20 до 23 јануари 2026 година зеде 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во градот Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - информираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведува од таму, со цел подобра информираност на граѓаните на Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/са/
Фото МИА архива
.