• понеделник, 15 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Со инвестиција од шест милиони евра, почна изградбата на фабрика „Чагатај Кабло“, Владата продолжува со привлекување инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ: Со инвестиција од шест милиони евра, почна изградбата на фабрика „Чагатај Кабло“, Владата продолжува со привлекување инвестиции

Скопје, 12 јули 2025
 
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на привлекување на нови странски инвестиции.

Инвестицискиот процес продолжува и со камен темелникот на „Чагатај кабло“.

Македонија станува земја на можности каде инвеститорите имаат доверба и партнер во владата.

Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје започна изградбата на нова фабрика на турската компанија „Чагатај кабло“.  Инвестицијата е вредна 6 милиони евра, објектот е со површина од 10 илјади метри квадратни и се планираат 200 нови вработувања.

Чагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија и снабдува водечки производители на автобуси, трактори, камиони, градежни машини.

Инвестиции се доказ дека економијата се стабилизира и расте. Инвестициите го зајакнуваат економскиот раст.

Македонија станува атрактивна дестинација за домашни и странски инвеститори. Новите инвестиции создаваат нови работни и го поттикнуваат технолошкиот напредок и извозот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во насока на поддршка на бизнисот и подобрување на деловната клима со цел државата да се позиционира како конкурентна економија во регионот. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан