• недела, 26 јули 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со Модуларната каде виновен беше кабелот

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со Модуларната каде виновен беше кабелот

Скопје, 20 јули 2026

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата - се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја објавува интегрално.

СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.

Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ