ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира, заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст
- СООПШТЕНИЕ: Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација СДС манипулира. Со СДС заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.
Скопје, 22 септември 2024
Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација
СДС манипулира. Со СДС заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.
Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас.
Со СДС Македонија има ненадоместливи штети.
Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија оди кон економска трансформација, нови инвестиции, владеење на правото и нови мерки и проекти за подобра иднина.
За првпат во историјата на државата пензиите ќе се зголемат за 5000 денари.
Ќе растат и платите. Македонија оди напред, а СДС можат само да учат како се работи.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Реакција на прес-конференцијата на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива