ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДСМ ги толерира
- Реакција на прес-конференција на СДСМ, Миле Талески

Скопје, 15 април 2025
Во СДС остануваат глуви при уши и слепи при очи.
Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани.
Надлежните тоа го прават во рамки на законските овластувања. Се разбира ако СДС воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДС не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е задолжен ако го имаме во предвид пресот нема го знаат тоа.
Ваква сеопфатна истрага досега немало ниту за еден случај, како од аспект на вклученост на сите, така и од аспект на ажурност на сите.
За тоа каде е СДС се гледа од нивните пресови. Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија!
Едно е јасно, СДС го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДС ги толерира.
Сега од постапките се гледа дека недопирливи нема, владеењето на правото е безусловно!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива