• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет

ВМРО-ДПМНЕ:  Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет

Скопје, 1 февруари 2024

ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден одржа редовна седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата се разговараше за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.

Неизбежен е впечатокот дека народот ја губи државата и системот не функционира. Хаосот и безредието е стимулирано со растечкиот криминал и отсуството на правда ги нагризува темелите на државата.

Именувањето на Талат Џафери е круната на неспособноста и владеењето на беззаконието во државата. Тоа е скапата цена платена од СДС која на тој начин ја одржува власта. СДС стана малцински партнер со само 5 министри во владата со над 20 министерства.

Излезот е промена на власта, а одговорот е изборите кои ќе се одржат за помалку од 3 месеци.

Воедно, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот Комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев.

Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи.

Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник.

 

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан