• недела, 18 август 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, а за коалицијата на СДС со ДУИ нема поголем доказ од тандемот Наќе Георгиев - Иџет Мемети

ВМРО-ДПМНЕ: Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, а за коалицијата на СДС со ДУИ нема поголем доказ од тандемот Наќе Георгиев - Иџет Мемети

Скопје, 16 август 2024

Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, таму не му се мешаме, ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, а за коалицијата со ДУИ нема поголем доказ од тандемот Наќе Георгиев - Иџет Мемети.

Да одиме со ред, Филипче нема тендер кој не го наместил, од вакцини до опрема. Уште не кажа како ги стекнал луксузниот џип кој го вози, а не е на негово име, ниту пак хациендата на сопругата.

Филипче го нема збор да изусти ниту за милионите на брат му и Вице Заев и нивниот бизнис со фотоволтаици.

Што се однесува за коалицијата со ДУИ, доволно е да се види како Иџет Мемети долгогодишен функционер во време на ДУИ и заменик претседател на Советот на јавни обвинители и Наќе Георгиев човекот на Заев и Филипче во судството соработувале за да ја намалат казната на Боро Марлборо.

Спрегата СДС - ДУИ е како трајна бизнис релација, каде двете страни имаат испреплетени интереси од судство до бизнис и политика.
 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавност - Реакција на интервјуто на Венко Филипче за „Фокус“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан