• четврток, 05 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не поддржува зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не поддржува зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано

Скопје, 4 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ и владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано, и е затворена тема за нас.

Тоа што не сфаќаме е како истите луѓе кои молчеа додека се ограбуваше државата, додека инфлацијата растеше вртоглаво, додека институциите ги распаѓаа или тие лично или нивните најблиски соработници, сега глумат душегрижници, дали мислат дека народот им верува?

Лицемерието и дволичноста на СДС се добро познати на граѓаните.

Во време на СДС имаше пад на економијата највисок во историјата, историски највисока инфлација, осиромашени граѓани, пад на индустриско производство најголем во историјата, додека земјите од регионот имаа раст од над 50% на БДП по глава на жител во период 2017 - 2023, Македонија имаше едвај 20тина%.

СДС ги ограби и девастираше институциите и државните претпријатија. А во исто време без грам двоумење го продаваа идентитетот.

Додека СДС на Заев ја ограбуваше и продаваше државата на големо, сегашното раководство на таа партија беше 3 и 4 ешалон на власт и силно аплаудираше на тоа.

Со почит, 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на ставовите на потпретседателката на СДСМ Кристина Костова

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан