• сабота, 21 декември 2024

Власиук: Кина е најголемиот проблем, 60 отсто од компонентите за руското оружје во Украина доаѓаат оттаму

Власиук: Кина е најголемиот проблем, 60 отсто од компонентите за руското оружје во Украина доаѓаат оттаму

Киев, 24 септември 2024 (МИА) – Околу 60 отсто од странските делови за руското оружје што се користат на боиштето во Украина доаѓаат од Кина, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Владислав Власиук.

-Ако ги земете сите вообичаени видови оружје и ги изброите компонентите произведени во странство, околу 60 отсто ќе бидат од Кина. Имавме долги разговори со некои производители за ова. Би рекол дека НР Кина е најголемиот проблем, рече Власиук.

Советникот на Володимир Зеленски рече дека некои од важните делови што се користат при надзорот, во дронови и ракети, пристигнале од САД, Холандија, Јапонија и Швајцарија, заедно со другите западни земји.

По почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, меѓународната заедница воведе трговски санкции кон Москва, но Русија оттогаш успеа да ја снабди својата воена машина со западни микрочипови и полупроводници, пишуваат британските медиуми.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан