• вторник, 03 декември 2024

Винисиус: Шпанија не може да биде домаќин на СП2030 ако не го искорени расизмот

Винисиус: Шпанија не може да биде домаќин на СП2030 ако не го искорени расизмот


Мадрид, 4 септември 2024 (МИА) – Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, изјави денеска дека ФИФА треба да го одземе правото на Шпанија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година, доколку расизмот во земјата не биде искоренет.
„Имаме доволно време до 2030 година за сè да се промени на подобро. Се надевам дека во Шпанија луѓето сфаќаат колку е сериозно да се навредува некого поради бојата на неговата кожа. Мислам дека ако ситуацијата остане иста до 2030 година, тогаш ќе мора да го смениме местото на одржување на Светското првенство. Играчите нема да се чувствуваат удобно и безбедно во земја каде што може да страдаат од расизам“, изјави Винисиус, цитиран од Си-Ен-Ен.
Од доаѓањето во Шпанија, бразилскиот фудбалер често пати беше цел на расистички напади поради бојата на неговата кожа.
Светското првенство во 2030 година е предвидено да се одржи во Шпанија, Португалија, Мароко, како и во Аргентина, Парагвај и Уругвај. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан