• четврток, 04 јули 2024

Винисиус: Сакам да останам во Реал засекогаш

Винисиус: Сакам да останам во Реал засекогаш

Мадрид, 2 јуни 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор призна дека сака засекогаш да остане во клубот. 23-годишниот Бразилец погоди во 83. минута во победата од 2:0 над Борусија Дортмунд во финалето на „Вембли“.

-Сакам да останам овде засекогаш. Се надевам дека Флорентино Перез ќе го види ова интервју и повторно ќе ми го обнови договорот, изјави Винисиус.

Бразилецот игра за Реал од 2018 година. Неговиот актуелен договор е до летото 2027 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан