• понеделник, 22 јули 2024

Вилер апелира Германците да не патуваат за да не ја влошат епидемиолошката состојба

Вилер апелира Германците да не патуваат за да не ја влошат епидемиолошката состојба
Берлин, 14 јануари 2021 (МИА) - Германија до крајот на годината ќе успее да ја стави пандемијата под  контрола, но новиот позаразен вид може да ја влоши ситуацијата, изјави директорот на германскиот Институт за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотер Вилер. Во Германија досега се регистрирани 16 случаи на британскиот вид на Ковид-19 и четири со јужноафриканскиот, сите тие се заразиле по враќањето од странство. - Ова нема да биде последна мутација што ќе ја видиме, да не го забораваме бразилскиот вид на Ковид-19. Има уште видови, истакна Вилер и апелираше до граѓаните да не патуваат. ми/

Остани поврзан