• четврток, 26 декември 2024

Викендов од диви депонии собрани околу 60 кубни метри отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош и Чаир

Викендов од диви депонии собрани околу 60 кубни метри отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош и Чаир

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов подигнале и транспортирале околу 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, отстранета е обемна дива депонија на улицата „Лука Геров“ во општината Ѓорче Петров.
Депонијата била составена од  мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад.

Во општината Карпош биле подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата „Прашка“.

Викендов се чистело и во скопската општина Чаир, каде биле отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Вуковарска“ и „Џон Кенеди“, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“. мд/са/

Фото: „Комунална хигиена“ - Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан