• петок, 28 јуни 2024

Викендов во Волково прв „Октомвриски коњички турнир“ и првенствено коло во прескокнување пречки 

Викендов во Волково прв „Октомвриски коњички турнир“ и првенствено коло во прескокнување пречки 

Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) – Во организација на Коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје утре ќе се одржат првиот „Октомвриски коњички турнир“ и петтото коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки. 

Натпреварувањата започнуваат во 10:00 часот на теренот во скопската населба Волково. 

На програмата, како што соопшти Македонската федерација за коњички спортови, се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0.90 – 1.20/1.40 метри. ег/дма/

Остани поврзан