• петок, 22 ноември 2024

„Виз ер“ нуди бесплатен превоз за 100.000 украински бегалци

„Виз ер“ нуди бесплатен превоз за 100.000 украински бегалци
Будимпешта, 2 март 2022 (МИА) - Нискобуџетната европска авиокомпанија „Виз ер“ (Wizz Air) најави дека ќе обезбеди 100.000 бесплатни места во своите авиони за превоз на украински бегалци. Во соопштението на „Виз ер“ се наведува дека авиокомпанијата „се чувствува должна да им помогне на украинските бегалци да стигнат до нивната дестинација“. Бесплатните места ќе бидат достапни во текот на март на летовите од Полска, од Словачка, од Унгарија и од Романија. Според Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) повеќе од 660.000 луѓе ја напуштиле Украина, а најголем број од нив пристигнале во Полска (околу 450.000). ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан