Вечер во Струмица почнува второто издание на „СФЕСТ“
- Од вечер до недела во Струмица ќе се одржи второто издание на „СФЕСТ“, на кој, во три вечери исполнети со музика на две бини-Главна и Космик, ќе настапат над 20 изведувачи меѓу кои Ареа, Нокаут, Дупер, Суперхикс, Дивизија, Панта Реи, Emi Galvan, Astra-ion Project и многу други, а фестивалот дава простор и за нови имиња преку „Дај шанса" бината
Струмица, 24 јули 2026 (МИА) - Од вечер до недела во Струмица ќе се одржи второто издание на „СФЕСТ“, на кој, во три вечери исполнети со музика на две бини-Главна и Космик, ќе настапат над 20 изведувачи меѓу кои Ареа, Нокаут, Дупер, Суперхикс, Дивизија, Панта Реи, Emi Galvan, Astra-ion Project и многу други, а фестивалот дава простор и за нови имиња преку „Дај шанса“ бината.
-Од 24 до 26 јули Градскиот парк Струмица ќе биде местото каде што ќе се сретнат музиката, креативноста и добрата атмосфера. Секој ден програмата започнува во 18 часот, а Струмица ќе биде домаќин на посетители од целата држава. Минатата година фестивалот го посетија околу две илјади луѓе. Тоа беше јасен доказ дека Струмица има публика која сака вакви настани. Требаше само да ѝ понудиме простор и квалитетна содржина. Оваа година правиме значителен исчекор – три фестивалски сцени, повеќе од 30 изведувачи и три дена исполнети со музика, уметност и содржини за сите генерации, највуваат организаторите.
Покрај богатата музичка програма, посетителите ги очекуваат: базар зона со ракотворби од 40 локални креативци, уметничка изложба во соработка со ФОН, фуд-зона со Yoyo's, како и еколошки зони за рециклирање.
Влезот е слободен за сите посетители.рт/вј/
Фото: организатори