• понеделник, 08 јули 2024

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода

Скопје, 26 август 2023 (МИА) – Со прикажување на две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“, а потоа и на  филмот „Кајмак“ во режија и сценарио на Милчо Манчевски вечер во паркот „Македонија“, веднаш до домот на култура „Билјана Беличанец“ почнува годинашното  издание на „Кино на отворено“ во општина Кисела Вода.  

Како што информираат од Општината, филмските проекции на „Кино на отворено“ се бесплатни и се обезбедени од страна на општина Кисела Вода во соработка со „Авард Филм и Видео“, „Банана филм“, МРТВ и „Вардар Филм“.вј/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан