• вторник, 13 август 2024

Вест Хем ќе му плати на Манчестер јунајтед 15 милиони фунти за Ван-Бисака

Вест Хем ќе му плати на Манчестер јунајтед 15 милиони фунти за Ван-Бисака

Манчестер, 12 август 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер јунајтед Арон Ван-Бисака ќе се пресели во Вест Хем, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Лондонци ќе платат 15 милиони фунти за 26-годишниот Англичанец. Фудбалерот денеска ќе биде подложен на лекарски преглед.

Ван-Бисака игра за Манчестер јунајтед од јули 2019 година. Во сезоната 2023/24, дефанзивецот направи три асистенции на 30 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 20 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан