• недела, 30 јуни 2024

Вестбрук по првата победа со Клиперс: Сега можеме да заборавиме на лошата серија и да продолжиме понатаму

Вестбрук по првата победа со Клиперс: Сега можеме да заборавиме на лошата серија и да продолжиме понатаму

Лос Анџелес, 6 март 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук ги сподели своите впечатоци од првата победа со НБА-тимот од Калифорнија.

 

Клиперси рано утрово го совладаа Мемфис со 135:129.

 

- Добри чувства. Сега можеме да го отфрлиме овој товар и да продолжиме понатаму. Чуден натпревар. Педесет и еден поен на Мемфис во третата четвртина, па наш кам-бек во четвртата. Знаевме дека мора да победиме, изјави Вестбрук.

 

Клиперси ја извојуваа првата победа со Вестбрук во ростерот, пред која тимот загуби пет пати по ред.

 

Вестбрук мечот го заврши со девет поени, пет скока и шест асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан