Далот верува дека Манчестер Јунајтед оди во вистинска насока
- Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, верува дека тимот оди во вистинска насока и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ загубија од Нотингем Форест вчера и се на 13-то место на табелата. Вчера избраниците на Рубен Аморим доминираа во поседот на топката и имаа 23 удари кон голот, но не успеаја да реализираат

Манчестер, 2 април 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, верува дека тимот оди во вистинска насока и покрај тоа што „црвените ѓаволи“ загубија од Нотингем Форест вчера и се на 13-то место на табелата. Вчера избраниците на Рубен Аморим доминираа во поседот на топката и имаа 23 удари кон голот, но не успеаја да реализираат.
-Беше јасно колку сакаме да се промени ситуацијата, да не бидеме во оваа позиција, особено во Премиер лигата. Ако сакаме да бидеме конкурентни во иднина, мора да почнеме да се однесуваме на тој начин и да настапуваме добро и резултатите ќе дојдат. Мислам дека тоа треба да биде на прво место - тој пристап, за да можеме да се бориме во шампионатот и за најголемите трофеи. Ќе треба да патиме уште малку, но во однос на излезот од оваа ситуација и обидот да се подобриме, мислам дека сме на добар пат, изјави Далот за клупската телевизија.
Во недела, Манчестер Јунајтед игра против Манчестер Сити во градското дерби, а следната недела ќе ги одмери силите со Лион во Франција во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. дс
Фото: Архива