• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Венецуелски мигранти протестираат во Мексико со барање да бидат депортирани

Венецуелски мигранти протестираат во Мексико со барање да бидат депортирани

Тапачула, 15 април 2025 (МИА) – Група венецуелски мигранти одржа протест во градот Тапачула, на југоистокот на Мексико, барајќи да бидат вратени во својата татковина, откако не успеале да преминат во САД.

Мигрантите протестираа пред локалните институции, барајќи организирани летови со кои ќе се вратат дома. Според венецуелската заедница во градот, најмалку 2.000 лица сакаат да бидат депортирани.

Причина за нивното останување во Мексико се поострите гранични мерки и антимигрантската политика на американскиот претседател Доналд Трамп. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан