Велика Британија достави помош на Газа од воздух
- Кралските воздухопловни сили вчера исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, вклучувајќи вода, ориз, масло, брашно, лименки и храна за бебиња за цивилите во Газа.
Лондон, 26 март 2024 (МИА) - Велика Британија вчера по првпат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи повеќе помош да влезе во енклавата, вече разурната од војна, пренесоа британските медиуми.
Кралските воздухопловни сили вчера исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, вклучувајќи вода, ориз, масло, брашно, лименки и храна за бебиња за цивилите во Газа.
Авион „РАФ А400М“ полета од Аман за да испорача залихи долж северниот дел на Појасот Газа, како дел од меѓународната хуманитарна мисија предводена од Јордан, соопшти британското Министерство за одбрана.сд/
фото:МИА архива