Велешките основци и средношколци со хуманитарни базари по повод 8 Март
- Учениците од велешките основни и средни училишта заедно со своите наставници со рачни изработки на честитки, подароци и цвеќе се приклучија кон чествување на 8 Март - празникот на жената. Хуманитарните базари беа изложени вчера и денеска пред училиштата и на велешките улици, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели, информираат од Општина Велес.
Велес, 8 март 2024 (МИА) - Учениците од велешките основни и средни училишта заедно со своите наставници со рачни изработки на честитки, подароци и цвеќе се приклучија кон чествување на 8 Март - празникот на жената. Хуманитарните базари беа изложени вчера и денеска пред училиштата и на велешките улици, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели, информираат од Општина Велес.
Од Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски “ за МИА, велат дека целта на овие хуманитарни базари со рачни изработки е да ги поттикнат учениците на креативност и воедно кај нив да ја побудат хуманоста.
Инаку , Општина Велес со давање на тезги под наем веќе трет ден организира продажни базарипо повод 8 Март на две локации во градот: во Младинскиот парк и во центарот на градот на платото пред судот, каде се продаваат подароци, украси, а најмногу цвеќе. ад/дма/
Фото: Општина Велес