• понеделник, 23 декември 2024

Вежба делотворна против целулит

Вежба делотворна против целулит
Лос Анџелес, 27 јуни 2022 (МИА) - Со доаѓањето на летото, сѐ поактуелно е прашањето - кои вежби се добри за отстранување на целулитот? Според познавачите, една од нив е вежбата со кревање на едната нога од лежечка положба... Тоа се прави вака: Легнете на грб и исправете го телото и двете нозе. Свиткајте ја левата нога во коленото и истегнете ја десната нога... Стомакот се вовлекува што е можно повеќе. Стегнете ги мускулите на задникот и подигнете ги колковите, така што телото ќе направи права линија од рамената до коленото и десната, подигната нога. Тоа се повторува 10 пати со истата нога. Пoтoa - со другата... Стомакот и задникот треба останат затегнати. Потоа се враќате на почетната позиција, не спуштајќе го задникот целосно на земја и тоа се повторува со другата нога. Се препорачуваат три наизменични серии од 10 поткревања - со двете нозе.  си/ https://youtu.be/-GMmdGzGlwY

Остани поврзан