• петок, 22 ноември 2024

Вебинар за праведна енергетска транзиција во Западен Балкан и Украина

Вебинар за праведна енергетска транзиција во Западен Балкан и Украина

Скопје, 9 март 2023 (МИА) – Вебинар „Планирање за праведна транзиција во светло на енергетската (не)сигурност“ како дел од серијата од шест  вебинари насловени „Праведни енергетски транзиции во Западен Балкан и Украина“, кои ќе ги истражат можностите и научените лекции на патот кон постепено укинување на користење на јагленот, денеска во 15:00 часот ќе се одржи во организација на Иницијативата за региони со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и Украина.

Модератор на вебинарот ќе биде Селма Шеховиќ, Климатски промени и праведна енергетска транзиција, FES SOE, а воведни зборови ќе одржи Катарина Хартман, Потрошувачи, Локални иницијативи, Единица за праведна транзиција, DG ENER, Европска комисија. Говорници на вебинарот ќе бидат д-р Мирза Кушљугиќ, претседател на RESET Центар за одржлива енергетска транзиција, Босна и Херцеговина и д-р Румјана Грозева, извршен директор на SZ REDA, Регионална агенција за економски развој од Стара Загора, Бугарија.

-На вебинарот ќе се испита како безбедноста на снабдувањето и енергетските транзиции се испреплетени, и кои опции за постигнување на безбедност на снабдувањето на среден и долг рок се најпрагматични во овој момент. Исто така, ќе се разгледа како регионите со јаглен можат активно да управуваат со сопствените транзиции и кои пристапи обезбедуваат овие транзиции да бидат праведни и да ги максимизираат придобивките за регионалниот социо-економски развој, велат од Иницијативата за региони со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и Украина.

Иницијативата за региони со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и Украина има за цел да им помогне на земјите и регионите да се оддалечат од јагленот кон економија со неутрална јаглерод, истовремено дека оваа транзиција да биде праведна. Таа е предводена од Европската комисија и шест меѓународни партнери: Светската банка, Секретаријатот на Енергетската заедница, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), полскиот Национален фонд за заштита на животната средина и управување со водите (NFOSiGW), и Колеџот на Европа во Натолин.вј/са/

Фото: Иницијатива за региони со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и Украина

Остани поврзан