• понеделник, 23 декември 2024

Ванс и Волц ќе дебатираат на 1 октомври во организација на Си Би Ес Њуз

Ванс и Волц ќе дебатираат на 1 октомври во организација на Си Би Ес Њуз

Вашингтон, 15 август 2024 (МИА) - Гувернерот на Минесота и потпретседателски кандидат на републиканците Тим Волц и сенаторот од Охајо, демократот Џеј Ди Ванс, се договорија за дебата на 1 октомври. Дебатата ќе биде организирана од телевизијата Си Би Ес Њуз (CBS News), во време кога во некои сојузни држави ќе почне раното гласање за претстојните претседателски избори во ноември.

„Си Би Ес Њуз“ вчера објави на Икс дека ги поканила двајцата кандидати за потпретседатели на САД на дебата во Њујорк, при што им понудила четири можни датуми: 17 септември, 24 септември, 1 октомври и 8 октомври.

„Ќе се видиме на 1 октомври, Џеј Ди“, објави кампањата на Камала Харис и Волц на Икс и додаде дека Волц со нетрпение ја очекува дебатата со Ванс, ако тој одговори на поканата.

Ванс, исто така, потврди на „Икс“ дека ќе ја прифаќа поканата за дебата на 1 октомври и јго предизвика Волц да се сретнат на 18 септември на дебата организирана од Си Ен Ен. Од кампањата на Харис и Волц, како и од Си Ен Ен, сè уште нема одговор дали Волц ја прифатил поканата за 18 септември и дали се разгледуваат и други можни датуми. ссм/

Остани поврзан