• понеделник, 23 декември 2024

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

Тетово, 30 март 2024 (МИА) - Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ соопшти дека утрово пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета. 

Посочуваат дека ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.

-Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.ас/фф/

Фото: Тетовско-гостиварската епархија

Остани поврзан